Следете не на социјалните мрежи

Македонија

Автомат клубовите Астра донираа медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на Општа болница во Охрид

Објавено

на

ЈЗУ Општата болница во Охрид доби 10 електрични кревети како донација, во износ од 20.000,00 евра од автомат клубовите „Астра“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија.

Станува збор за акција каде членките на групацијата НОВОМАТИК донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се соочуваат со борбата против COVID-19 вирусот.

Како компанија автомат клубовите „Астра“ веруваат дека овој предизвик може да се надмине заеднички, со несебична помош и поддршка онаму каде што е потребно, бидејќи се бориме за заедничка цел, зачувување на нашето колективно здравје.

Креветите се хидраулични со промена на положбата на телото на потребите на пациентот и се наменети за интерното одделение кое е најфреквентно одделение во Општа Болница Охрид и регионален центар за општа интернистичка патологија со посебни соби за изолација за сомнителни недокажани пациенти од различна патологија кои се поврзани со COVID-19. – изјави Др. Горан Балевски, директор на болницата.

Коментари
Реклама Кони Копи
Реклама Ремедиум Вет

Следете не на Facebook

Најчитани