Денеска регистрирани 5 нови случаи на коронавирус


1
1 споделување, 1 допаѓање

На вечерашната прес конференција на Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека има пет нови позитивни случаи на коронавирус во Македонија.

Се работи за едно лице од Скопје кое пристигнало со авион од Виена, а другите четири лица се од Дебар.

коронавирус

На пресконфенцијата тој додаде дека има уште две лица кои имаат дијагностицирано коронавирус во друга лабораторија, но дополнително треба да бидат потврдени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје.

На седницата на Владата исто така е донесена одлука и да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани и патници и возила освен за товарни возила, претставници на дипломатскиот кор и други лица со посебна дозвола. Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државни, воено-медицински и празни летови по истекот на 48 часа од влегувањето на сила на оваа одлука.


Која е Вашата реакција за овој пост? (макс. 3 реакции)

hate hate
1
hate
confused confused
1
confused
fail fail
0
fail
fun fun
0
fun
geeky geeky
0
geeky
love love
0
love
lol lol
0
lol
omg omg
0
omg
win win
0
win

Коментари

Меме генератор
Меме
Поставете свои сопствени слики за да направите сопствено меме