ЛДП: Со други економски мерки согласно европските искуства, конструктивно до Владата, за доброто на граѓаните


0
1 споделување

Во однос на презентираните идеи во јавноста за намалување на економските последици од кризата предизвиката од Ковид-19, ЛДП истакнува дека постојат и други економски мерки и можности кои би можеле да се применат во Македонија, согласно најавите и искуствата во Европските земји.

ЛДП смета дека не е време за поентирање, туку секој да го даде својот придонес со конструктивни идеи за доброто на граѓаните.

Либерално Демократска Партија

Економскиот тим на ЛДП ги разгледува сите можности и за брзо време ќе даде свои предлози во насока на ублажување на економските последици од кризата.

Сите предлози кои доаѓаат од стручната јавност Владата со сериозност треба да ги разгледа без да избрзува и да носи одлуки под притисок на политичките партии кои може само да сугерираат и предлагаат.

Владата како орган кој ја има одговорноста треба да одлучи што е она што е можно и отимално во земјата. Ова е државна криза во која придонесот на сите е добредојден и која ќе ја надминеме заеднички.


Која е Вашата реакција за овој пост? (макс. 3 реакции)

hate hate
0
hate
confused confused
0
confused
fail fail
0
fail
fun fun
0
fun
geeky geeky
0
geeky
love love
0
love
lol lol
0
lol
omg omg
0
omg
win win
0
win

Коментари

Меме генератор
Меме
Поставете свои сопствени слики за да направите сопствено меме