Следете не на социјалните мрежи

Македонија

„Макпетрол“ АД ја поздравува Одлуката на Владата за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизата на дизел горивото

Објавено

на

Одлуката за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизaта на дизел горивото е во интерес на сите, граѓаните, државата и трговците со нафта и нафтени деривати.

Макпетрол

Имено, со изедначување на акцизата ќе запрат злоупотребите кои се прават со екстра лесното гориво, со што ќе почне да се користат поквалитетни горива, кои директно ќе влијаат врз намалување на загадувањето на воздухот, а, исто така, ќе донесе поголеми приходи во државниот буџет, што е битно во овие моменти на економска нестабилност, предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19.

Се надеваме дека пред истекот на важноста на оваа одлука, новиот собраниски состав ќе направи и измени во Законот за акцизи и еднаш засекогаш ќе се реши овој проблем.

Во целост ги подржуваме државните институции во носењето на вакви одлуки кои се во интерес на државата и граѓаните.

Коментари
Реклама Кони Копи
Реклама Ремедиум Вет

Следете не на Facebook

Најчитани