Следете не на социјалните мрежи

Македонија

Милевски: Кавадарчани треба да се горди на Винска куќа а со регулираното речно корито на Луда Мара им го олеснуваме животот

Објавено

на

Кавадарци доби Регионален вински центар – Винска куќа кој ќе биде наменет за подобрување на условите за промоција на винскиот туризам во Вардарскиот плански регион, а со тоа се очекува да се зголемат посетителите од земјава но и странство.

„Кавадарчани треба да се горди на Винска куќа, во која Министерството за локална самоуправа очекува да прерасне во вистински регионален центар за промоција на вински производи и винопроизводители. Проектот чини 7.540,640 денари, така што првата фаза е комплетирана, во овој период ќе се реализира и вториот чекор поточно автентично уредување. Со тоа Кавадарци ќе добие регионален центар за едукација, обуки, работилници и организирање на настани за промоција на локални производи од Вардарскиот плански регион, истакна Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

За овој проект Општина Кавадарци учествува со 3.096.460 денари, а Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој со 4.453.179 денари.

„Општина Кавадарци е позната по одгледувањето на винова лоза и производството на вино. Континуирано се стремиме кон унапредување и промоција на винскиот туризам. Уредувањето на овој објект е во втора фаза, поточно целокупното уредување. Кавадарци ќе добие регионален вински центар, Винска куќа кој ќе биде од локално и регионално значење“ изјави градоначалникот на Кавадарци, Јанчев.

Министерот Милевски заедно со градоначалникот Митко Јанчев извршија увид на Проектот „Реконструкција на регулирано речно корито на река Луда Мара“ од мостот Слога до зградите Силекс во Кавадарци. За овој проект издвоени се 21.504.969 денари.

„Унапредувањето и заштита на животната средина на регионалното и локално ниво, со цел подобрување на општите услови за живот на населението во Вардарскиот регион, е еден од приоритетите на Министерството за локална самоуправа. Овој проект ќе придонесе за намалување на ризикот од излевање на водата од речното корито на реката Луда Мара како резултат од зголемено ниво на водостојот, но и штетите од излевањето. Овие инвестиции придонесуваат за поздрав и поквалитетен живот на жителите“, рече министерот Милевски.

Проектот има и дополнителна вредност, поточно, зачувување на животната средина и биодиверзитетот во Општина Кавадарци. Создавањето високо-атрактивна површина наменета за одмор и релаксација каде што населението ќе може да го остварува правото на прав психофизички развој.

„Изграден е кејот во централното градско подрачје а неодамна и кејот во село Ваташа. Во тек е и изградба на велосипедско – пешачка патека од село Ваташа до Моклиште. Со реализација на овој проект ќе се направи една целина со што ќе добиеме простор за релаксација и рекреација од централното градско подрачје па се до Моклиште. Вкупната вредност на проектот изнесува 23 милиони денари , од кои 17 милиони денари е учество на Општина Кавадарци и 6 милиони на Министерството за локална самоуправа.“ додаде градоначалникот Јанчев.

Коментари
Реклама Кони Копи
Реклама Ремедиум Вет

Следете не на Facebook

Најчитани