Резултати од вториот бран на истражувањето на ИПСОС за перцепциите на граѓаните на Македонија за коронавирусот


0
1 споделување

Податоците добиени од вториот бран на истражувањето за перцепциите на граѓаните за корона вирусот, спроведено во периодот од 16ти до 20ти март, покажуваат зголемување на загриженоста на граѓаните. Бројот на оние кои изразиле голема или многу голема загриженост дека лично, или член на нивното семејство, би се инфицирале од корона вирусот, се зголеми од 38% на 52%.

ИПСОС

„Зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во нашата земја ја зголемува загриженоста на граѓаните, па веќе секој втор наш сограѓанин е во голема мера или многу загрижен за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски. Податоците укажуваат и на тоа дека и младите сериозно ја сфатиле работата, односно бројот на загрижени за себе и за своите блиски на возраст од 18-29 години се зголеми од 28% на 47%“, истакнуваат од агенцијата Ипсос.

Истражувањето покажува дека граѓаните сметаат дека надлежните институции продолжуваат навремено и добро ги информираат граѓаните за секојдневниот развој на ситуацијата, и продолжуваат со доброто справување со ситуацијата поврзана со корона вирусот.

„За разлика од првиот бран на истражувањето кога, според податоците, граѓаните ја перцепираа заканата од корона вирусот поголема за светот, отколку дома, во вториот бран на истражувањето граѓаните веќе согледуваат дека короната не е некаде далеку во светот, туку тука, кај нас, и претставува закана и за нашата земја “, истакнуваат од Ипсос.

Истражувањето беше спроведено во вид на телефонска анкета, на национално репрезентативен примерок од 500 граѓани на Република Северна Македонија, во периодот од 16 – 20ти март, 2020 година.

Деталите за истражувањето можете да ги најдете на фејсбук профилот или веб страницата на Ипсос.


Која е Вашата реакција за овој пост? (макс. 3 реакции)

hate hate
0
hate
confused confused
0
confused
fail fail
0
fail
fun fun
0
fun
geeky geeky
0
geeky
love love
0
love
lol lol
0
lol
omg omg
0
omg
win win
0
win

Коментари

Меме генератор
Меме
Поставете свои сопствени слики за да направите сопствено меме