Следете не на социјалните мрежи

Технологија

Млади од Македонија креираат мобилна апликација #ChallengerДома

Објавено

на

#ChallengerДома е мобилна апликација во Македонија која ќе ги потикнува граѓаните да ги почитуваат мерките, а ќе помогне на компаниите да се рестартираат од Ковид-19“ порачуваат Теодора, Олга, Стефан и Митко. Тие се младите од стартап компанијата Challenger кои самите на себе, си поставија предизвик апликацијата да ја лансираат наскоро.

ChallengerДома

„Епидемијата од Ковид-19 како тим не натера да размислуваме што корисно би креаирале за нашите граѓани и компании, да направиме сите заедно добро за заедницата. Токму така се роди идејата за новата апликација наречена #ChallengerДома, преку која граѓаните ќе ги мотивираме и поттикнеме да седат дома. Инаку, во оваа фаза би сакале да ги повикаме сите компании да се вклучат да бидат дел од апликацијата, се со цел сплотени да ја пребродиме економската криза. Ве уверуваме дека оваа апликација ќе е вин-вин за сите, така што очекуваме да биде прифатена како од граѓаните, така и од компаниите“ велат од Challenger.

ChallengerДома

Апликацијата #ChallengerДома се појавува во вистински момент на пазарот. Ќе може да се инсталира на сите паметни мобилни телефони, а поддржана е од Фондот за иновации и технолошки развој.

Реклама onlinestore.mk
Коментари
Реклама Тик Так и Зорка
Реклама Мебел Ви
Реклама Ремедиум Вет
Реклама Кони Копи

Следете не на Facebook

Најчитани