Следете не на социјалните мрежи

Занимливости

Кафе и колачи во попладневните часови: Совршена комбинација за опуштање и уживање

Објавено

на

По напорниот ден исполнет со работа, учење или домашни обврски, потребна ви е квалитетна и пријатна оддишка и нова доза на енергија, која најчесто доаѓа во форма на црно, свежо мелено кафе испиено во удобноста на вашиот дом. А уживањето можете да го направите уште послатко доколку го најдете совршениот десерт кој ќе оди со кафето и ќе ѝ даде нова дефиниција на вашата попладневна починка.

кафе и колачи

 

„Утринското кафе е потреба, а попладневното кафе е луксуз“, вели една поговорка позната во нашите краеви. Тоа е ритуал кој го создавате за себе и вашите најблиски, а кој претставува сигнал дека времето за одмор започнува сега и веднаш! Пиењето на попладневното кафе надополнето со некое вкусно, слатко колаче ќе ве орасположи, ќе ве направи посреќни и најважно – ќе ви даде енергија за преостаниот дел од денот.

Популарната бисквита натопена во кафе

Низ повеќе делови од Европа е сосем вообичаено кафето да се послужува со една или две бисквити покрај него. Има две причини за тоа: 1) вкусот на кафето може подобро да се почувствува кога покрај него се консумира нешто вкусно и благо и 2) за да му се даде до знаење на гостинот дека може да се опушти и да го испие кафето на раат, без брзање. Бисквитата натопена во кафе полека стана симбол на смиреност, на трпеливост поради нејзината деликатност – таа мора да се задржи во кафето доволно долго за да омекне, но не премногу за да не се скрши. А вие и не морате да чекате да отидете на гости за да го пробате вкусот на ова искуство, кога истото можете да го направите дома, за себе.

кафе и колачи

 

Путер колачиња се секогаш добар избор! 

Пиењето на кафе придружено со мало путер колаче е обичај чии почетоци се забележани во Холандија, а на овие простори опстојува до ден денес. Едноставноста на Холанѓаните може да се забележи и според изборот на колаче за популарното „het koekje bij de koffie“ –

благо путер колаче кое се топи во уста. Неговата текстура и сладникавиот вкус одат совршено со неодоливата арома на кафето која ги буди сетилата и дава енергија за активностите кои следуваат во текот на денот.

Чоколадно колаче и кафе 

Интензивниот вкус на чоколадото за некои е премногу, но факт е дека не постои подобра комбинација од кафе и чоколадо, во умерена количина. Затоа, чоколадните колачиња и колачињата со парчиња чоколадо во нив се омилениот избор на милиони луѓе ширум светот кога се работи за десерт кој се консумира заедно со кафето. Без разлика дали пиете благо, средно или горко свежо мелено кафе, чоколадните колачиња секогаш ќе успеат да го направат ова искуство магично за вас.

Нашите предлози се тука за да ве инспирираат и да ви дадат идеја како да го направите попладневното кафе уште подобро, но тоа не мора да значи дека не можете да импровизирате нешто по ваш вкус. Пред да ја отворите следната ќесичка Grand кафе и да ја почувствувате опојната арома на вашиот омилен пијалак, обезбедете си колаче или десерт по ваш избор кој заедно со мирисот и вкусот на свежо меленото кафе ќе ве опушти и ќе ве подготви за целосно уживање. Попладневното кафе делува како еликсир за ваше задоволство, а пронаоѓањето на комбинација со совршениот десерт може целосно да го редефинира начинот на кој уживате во кафето.

 

Реклама Тик Так и Зорка
Реклама Мебел Ви
Реклама Ремедиум Вет
Реклама Кони Копи

Следете не на Facebook

Најчитани