Топ 10 варварски обичаи во 21 век


0
1 споделување

Канибализам, сакатење и чедоморство, обичаи кои треба да припаѓаат на минатото, се задржаа и денес дури и во развиените земји.

Кога помислуваме на варвараските обичаи обично ги поврзуваме за некои одамна минати древни времиња. Меѓутоа, ако сте помислиле дека толку сме еволуирале и паганските обичаи сме ги оставиле во далечното минато, можеби ќе се изненадите од фактот дека некои племиња се уште јадат човечко место, додека во многу исламски земји на жените се уште им ги осакатуваат гениталиите на најсуров начин.

Тоа секако не е се. Откако ќе го прочитате овој текст, ќе сватите дека човекот не отишол многу далеку од своите примитивни предци. Погледнете ги десетте обичаи кои се задржале до денес.

10. Лов на вештерки

Во Папуа Нова Гвинеја жените ги соблекуваат им го прекриваат телото со гас и ги палат живи на клади кои се направени од гума, пред сите присутни што гледаат. Ги спалуваат бидејќи наводно биле вештерки. Да не ги наведевме гасот и автомобилските гуми, веројатно ќе помислевте дека ова се случува во 16 и 17 век, а не во 2013 година, Ако ви треба дополнителен доказ, мораме да ве потсетиме дека неодамна пишувавме за еден ваков настан токму во оваа држава.

Папуа Нова Гвинеја не е единствено место каде се уште се плашат од вештерки. Повеќе држави во Африка практикуваат лов на нив и тоа не го прават само изолирани групи на луѓе. На пример, претседателот на Гамбија Јахуа Џеми покрена кампања за лов на вештерки во 2009 година, која претставуваше своевиден терор и многумина ги принуди да ја напуштат земјата. Во Индија, исто така поради ваков лов се убиваат 200 жени годишно, додека во Саудиска Арабија вештерството се казнува со закон, а казната е смрт.

9. Ропство

Во модерните земји денес, ропството се гледа со негодување и се тврди дека тоа е одамна минато. Меѓутоа, тоа не е случај. Меѓународната организација на работници истакнува дека во светот моментално постојат од 10 до 30 милиони робови, што е многу поголем број од било кој забележан во човековата историја. Никогаш немало повеќе робови како што се сега. Дури и во текот на 18 век, кога ропството во Америка беше во зенитот, беа само 6 милиони робови. Ширум светот мажи, деца и жени се киднапирани или измамени и натерани на секаков вид на ропство. Само во САД 100.000 деца се заробени во ланец на трговија со луѓе и сексуално се искористуваат. Трговијата со луѓе донесува прилив од 32 милијарди американски долари и се очекува дека наскоро ќе ја надмине заработувачката од дрогата.

Во некои земји ропството се однесува на принудна работа, како што е случај во Азија, каде околу 12,3 милиони луѓе се присилени да работат. Жртвите главно остануваат незапазени како робови, бидејќи работат во ресторани, хотели и слични индустрии. За тоа време нивните газди заработуваат, не плаќајќи им го трудот и држејќи ги заробени под закана со смрт или дрогирани.

8. Трговија со деца

Трговијата со деца е еден од најсуровите видови на ропство и е голем проблем на модерното општество. И понатаму е несватливо зошто толку родители ширум светот ги продаваат своите деца и ги препуштаат на суровиот свет на страдања.

Она што навистина е запрепастувачки е количината на интернет сајтовите на кои лоши родители ги нудат своите деца во замена за пари.

Трговците се обидуваат да ги измамат родителите, тврдејќи дека обезбедиле подобар живот за нивните деца, поставувајќи слики на насмеани деца кои изгледаат како да се среќни и на распуст.

7. Канибализам

Со исклучок на психопатите и некои луѓе кои поради сиромаштија се принудени да се јадат меѓусебно за да преживеат и понатаму постојат канибали кои јадат човечко место како дел од својата култура. Некои тоа го негираат, други го признаваат, а племиња како што е Короваи признаваат дека јадат припадници од својата група. Тие живеат во Нова Гвинеја во Индонезија и имаат долга традиција на конзумирање на други луѓе. Со оглед дека племето живее целосно изолирано од светот, не зачудува што овој обичај се задржал до денес. Најголем десерт им е какуа (племенскиот гатач) кој наводно го мачар, убиваат и јадат, а почнуваат од мозокот. Покрај племето Короваи постојат шпекулации дека канибали постојат уште во некои места на Јужен Пацифик.

6. Жртвување на луѓе

Некои групи Индуси се уште практикуваат илегална традиција наречена сати. Во прашање е обичај при погреб бо кој вдовицата доброволно се фрла или со сила се става на клада со својот мртов маж и ја запалуваат жива.

Жените ова го прават за да ја искажат посветеноста кон мажите поради кои се подготвени да се убијат или да бидат убиени.

Во 2011 година репортери на БиБиСи открија дека во Уганда се жртвуваат деца и дека е многу вносен бизнис во престолнината на оваа африканска држава Кампали. Наводно, богатите луѓе плаќаат гатачи за да ги жртвуваат децата, бидејќи веруваат дека нивните жртви ќе им донесат добро здравје и богатство.

Праксата толку се раширила што биле поставени предупредувања на улиците за да ги информираат родителите во врска со киднапери надрилекари за да се спречи овој организиран злостор.

варварски обичаи

5. Јавно погубување

До 20 век јавните егзекуции биле настани на кои се забавувале цели семејства, но денес овој обичај не постои. Меѓутоа, како што ќе ви покажеме, не во целост.

Во некои места јавните егзекуции никогаш не биле укинати и некои земји се уште го користат овој вид на казна, за да ги спречат луѓето да прават злосторства.

Најмногу вакви случаи има во Иран. Откако се зголемила стапката на криминал, иранските лидери одлучиле бесењето да не го прават внатре во затворските ѕидини, туку на централниот плоштад во Техеран, за да можат сите да го видат. Меѓу осудениците има убијци, силувачи, насилници и престапници кои се занимавале со дрога.

4. Сурова и необична казна

Ако постои една работа полоша од егзекуција, тогаш тоа е смрт со мачење. Во некои делови на светот не е доволно е само да се убие злосторникот, туку се смета за апсолутно неопходно што повеќе да се мачи. Едно од бруталните мачења е праксата со каменување кое подразбира луѓето осудениците да ги гаѓаат со камења над половината додека не умрат. Криминалците мораат да ги гаѓаат со камења со точна големина, ни премали ни преголеми, бидејќи не сакаат да ги убијат со еден удар, а ако го направат тоа и тие можат да бидат осудени.

Моментално каменувањето е легално во Саудиска Арабија, Пакистан, Јемен, Обединетите Арапски Емирати, Судан, Иран и делови од Нигерија. Каменувањето е само една од суровите казни. Во Нигерија ампутацијата поради кражба е совршено оправдана. Во Сингапур камшикувањето и тепање со стап е многу често.

3. Чедоморство

Убиствата на бебиња за жал е повеќевековна пракса која се случува од повеќе причини. Некои од нив се неможност на родителите да се грижат за детето или потребата за контролирано раѓање, наметнато од страна на државата. Во оправдувањата, нема да верувате, вклучена е и верата. Повеќето случаи се случуваат во Кина, која поради контрола на раѓањето се сретнува со ова ѕверство на речиси дневна база. Она што веројатно не сте го знаеле е дека чедоморството е застапено и во Холандија.

До пред 10 години еутаназијата беше легална во оваа западно европско кралство, а сега тоа е проширено и на родителите кои сакаат да ги успијат своите болни или неподвижни деца. Одобрувањето на еутаназијата според нив е најхумано отколку да го остават непосакуваното дете да умре некаде покрај пат. Успивање на бебиња за да се спречи нивното страдање е едно, но сега адвокатите сакаат да ги зголемат овластувањата кои би вклучувале и несакани деца. Во Холандија 8 отсто бебиња кои умираат ги успиваат лекарите.

2. Сакатење на женски гениталии

Темата е многу тешка, но наведувајќи ги модерните варваризми не можеме да ја прескокнеме. Процедурата вклучува брутално хируршко отстранување на сите надворешни делови на женските гениталии. Праксата е застапена во некои делови на Африка и Блискиот исток во кои овој обичај се задржал од 484 година пне. Во овие земји наведуваат дека причината е од религиозна природа, а процедурата служи да се уништи женското либидо.

Светската здравствена организација и лидерите ширум светот се обидоа да ја спречат оваа традиција, со аргументот дека не постојат здравствени предности при ваква интервенција, која само може да предизвика долгорочни компликации. Исто така, наведуваат дека не постојат религиски записи кои ја прецизираат оваа пракса.

1. Крвави празници

Крвави прослави се организираат во Шпанија кога се големите празници и го вклучуваат населението на цели градови кое се собира и брутално мачи и убива стока. Сите сурови обичаи се задржале од средниот век, а селаните мислат дека ништо не е толку добро како фрлање на кози од врв на камбани или прекривање на бик со врел восок и гаѓање на истиот со ножеви и копја додека тој трча по улиците и полека умира. Тој кој ќе го убие бикот има чест да ги добие неговите уши, опашка и тестиси кои ги прободуваат на копје. Потоа има дозвола да ги изеде тестисите.

Во Шпанија се организираат десет до дваесет крвави празници во текот на годината, а слични се организираат и во Португалија, Мексико и Бразил.


Која е Вашата реакција за овој пост? (макс. 3 реакции)

hate hate
0
hate
confused confused
0
confused
fail fail
0
fail
fun fun
0
fun
geeky geeky
0
geeky
love love
0
love
lol lol
0
lol
omg omg
0
omg
win win
0
win

Коментари

Меме генератор
Меме
Поставете свои сопствени слики за да направите сопствено меме