Зошто жените живеат подолго од мажите?


2
1 споделување, 2 допаѓања

Зошто жените живеат подолго од мажите? Затоа што немаат жени! Така вели еден виц, но науката има друг одговор. Јужнокорејските експерти можеби дошле до клучниот фактор поради кој жените во просек живеат подолго од мажите. Тие откриле дека кастрираните мажи низ историјата живееле значително подолго од тие кои не биле кастрирани.

Зошто жените живеат подолго од мажите?

До тоа дошле со проучување на податоците за животот на благородниците во текот на пет века на корејската династија Џосеон – од крајот на 14 до почетокот на 20 век. Додека во тој период повеќето мажи од кралски и благороднички семејства умирале во доцните 40 или раните 50 години, евнусите со благородничко потекло, кастрирани или поради некоја повреда, или поради некои општествени бенефиции, во просек живееле 70 години.

Кјунг Џин Минс од Универзитетот Инха ја водел оваа студија и смета дека причината за подолгиот живот на евнусите е тоа што им е отстранет изворот на машкиот хормон тестостерон, за кој се знае дека го зголемува ризикот од коронарни болести и ја намалува имунолошката функција на мажите.

Освен тоа, според една од водечките теории за стареењето, телото има ограничена енергија, која се користи за одржување на репродуктивните фунцкии, а и за сите други функции ако репродуктивната функција ја нема.

Од друга страна, иако биолошки не можеле да бидат татковци, евнусите низ корејската историја се женеле, посвојувале и чувале деца и во принцип живееле живот многу сличен на некастрираните мажи.

Современите мажи кои би сакале да го продолжат животниот век евентуално можат да ја разгледаат терапијата на редукција на тестостероните, вели Кјунг Џин. Тој сепак смета дека се уште е рано за такви интервенции, поради тоа што не се знае дали нивниот ефект во постари години би бил ист како кај некогашните евнуси, кои се кастрирале уште во детството.

Освен тоа, со оглед на намалената сексуална желба, како последица од редукција на тестостероните, некои мажи можеби би сметале дека продолжувањето на животот и ќе нема некоја смисла, предупредува Кјунг Џин.


Која е Вашата реакција за овој пост? (макс. 3 реакции)

hate hate
0
hate
confused confused
0
confused
fail fail
0
fail
fun fun
0
fun
geeky geeky
0
geeky
love love
1
love
lol lol
0
lol
omg omg
0
omg
win win
0
win

Коментари

Меме генератор
Меме
Поставете свои сопствени слики за да направите сопствено меме