На Скопје му се случи Модна Галаксија 2020


„Платформата Фешн Галакси (Fashion Galaxy) е спој на едукација, мода и естетика, во која идните млади модни дизајнери ќе се промовираат, етаблираните дизајнери ќе едуцираат а граѓаните уживаат во модата“ велат организаторите на настанот, кој се одржа во Скопје, на кој модниот дизајнер Папаз и младата негова колешка, Каролина Николова ги презентираа нивните креации.

Фешн Галакси - Папаз

„Колекцијата го носи насловот „3“ (Три) и е инспирација од женската елеганција, драматичност и мистика. Жената е главен двигател за идејата на развивање на луксузна колекција, која е сензуална и нослива и вбројува вкупно 12 изгледи. Парчињата облека се наменети пред се за вечерен изглед за сезона есен/зима. Колекцијата изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави, здолништа и панталони во широк крој, строги одела и вечерни тоалети. Колорната карта ги вбројува црната, белата, сината и црвената боја. Материјали кои се користени се свила, чоја, чипки и монистри везани на свила, скај, сатен, кашмир, штоф, рачни доработки, монистра, сваровски кристали“ вели модниот дизајнер,  Папаз.

Фешн Галакси - Папаз

Креирањето на нови модни платформи во светот е вистински тренд. Се повеќе се говори за модата која е брзоменувачка и брзорастечка на пазарот. Платформата Фешн Галакси ќе се грижи првата година локално да ги воспотави релациите со модните дизајнери. Проектот е поддржан од Министерство за култура на Северна Македонија.

Фешн Галакси - Папаз

„Колекцијата „The scream of the silence“  се состои од вкупно триесет уникатни модели кои се спој на модата и авангардоста рушејќи ги параметрите на едноличноста. Се карактеризира со смирени, чисти форми, а истовремено ја содржи и целата драма во себе. Целта на создавањето на колекцијата е создавање на чувство на бегство во свет каде што не постојат норми и правила, свет на неограниченост. Секој модел е именуван според дел од соsвездијата дефинирани од астрономијата, секој со засебен дух и значење. Моделите се изработени како позитиви и негативи, црно-бела колекција. Со ефектот на инвертност се поттикнува љубопитноста, желба за продлабочување на истражувањето, желба за откривање на тајните кои ги крие мракот и зборовите неискажани со тишината. Освен црно- белите тонови, колекцијата го содржи и колоритот на вселената, односно бои кои ги користев се: ултра виолетовата, светло жолта, спејс сина, неон зелена. На процесот на дизајнирање и изведбата на моделите од колекцијата им претходеа создавањето на мудбордот и колор картата. На нив е претставен Грут, лик од американскиот суперхеројски филм на Марвел Студиос „Чуварите на галаксијата“ и сцена од вселената со фактот дека „Тишината не е празна туку е полна со одговори“. Процесот е воден според основната појдовна инспиративна точка, а резултираше со создавање на научно- фантастична приказна раскажана преку дизајн решенијата“ додава дизајнерката Каролина Николова.

Фешн Галакси - Папаз


Која е вашата реакција за оваа објава?

Cute Cute
0
Cute
Lol Lol
0
Lol
Omg Omg
0
Omg
Wtf Wtf
0
Wtf
Win Win
0
Win
Like Like
0
Like
Cry Cry
0
Cry
Dislike Dislike
0
Dislike

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format