Најновиот филм на Игор Иванов – Изи и Томи Салковски премиерно прикажан пред македонската публика


1
1 поен

Долгометражниот игран филм „ХОМО“, под режисерската палка на Игор Иванов – Изи и во продукција на Скопје Филм Студио, вчеравечер ја доживеа македонската премиера во рамки на овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм “Синедејс“. “ХОМО“ беше прикажан како филм за затворање на Фестивалот, а неговата премиера се одржа на кровот на Градскиот Трговски Центар во Скопје.

“ХОМО е приказ на нашето општество во кое се доведени во прашање примарните човечки вредности. Станува збор за “корална“ структура сочинета од 6 индивидуални приказни за 6 карактери од Скопје, чии животни судбини се испреплетуваат по играна случајот. Во нив сме отсликани ние, луѓето денес, овде и сега… Хомо е наш печат, наш белег во времето. – изјави Игор Иванов – Изи, режисер на филмот.

Ова е филм за нашата генерација и времето во кое живееме. Финалниот продукт кој македонската публика имаше можност премиерно да го погледне е резултат на посветена работа во која, предводена од Скопје Филм Студио учествуваа продукции од 5 земји. Можам да кажам дека сум задоволен од работата на сите филмски професионалци, актери и од голема меѓународна екипа.“ – изјави Томи Салковски, Продуцент на ХОМО.

Филмот ‘ХОМО“ наскоро ќе биде дел од редовниот кино репертоар.


Која е вашата реакција за оваа објава?

Cute Cute
0
Cute
Lol Lol
0
Lol
Omg Omg
0
Omg
Wtf Wtf
0
Wtf
Win Win
0
Win
Like Like
1
Like
Cry Cry
0
Cry
Dislike Dislike
0
Dislike

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format