По пауза од неколку месеци поради глобалната пандемија, НОБ ќе одржи ексклузивен гала оперски концерт и балетска претстава на отворено, под ѕвездите, насловен како „Опера и балет под ѕвездите“


По пауза од неколку месеци поради глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот, Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен гала оперски концерт и балетска претстава на отворено, под ѕвездите, насловен како „Опера и балет под ѕвездите“.

Опера и балет под ѕвездите

На 25.9.2020 со почеток во 21.00 ч.на платото пред Националната опера и балет (Плоштад „Мајка Тереза“) ќе се одржи ексклузивен оперски гала концерт со солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на Оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Опера и балет под ѕвездите

Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска (сoпран) и Оркестарот на Националната опера и балет. Диригент: Бисера Чадловска

Концерт мајстор: Верица Ламбевска

Кореограф: Саша Евтимова

Режисер: Дејан Прошев

Костимограф: Марија Пупучевска

Светло дизајн: Милчо Александров

НАПОМЕНА: Влезот за публиката ќе биде отворен во 20.30 ч., почеток на настанот е 21.00 ч.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани на отворено, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.

Билетите во строго ограничен број се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk.


Која е вашата реакција за оваа објава?

cute cute
0
cute
lol lol
0
lol
love love
0
love
fun fun
0
fun
win win
0
win
Like Like
0
Like

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format