Ученици од Центар ќе бидат стипендисти на актерската школа на Весна Петрушевска


1
1 поен

Со задоволство ја информираме јавноста дека од денеска започнува учебната година по актерска игра во Актерската школа на Весна Петрушевска.

Ученици од Центар ќе бидат стипендисти на актерската школа на Весна Петрушевска

Оваа година, актерската школа и КМК Продукција заедно со Општина Центар и компанијата Пакомак спроведуваат општествено одговорен проект, „Учиме преку актерска игра“, преку кој 12 талентирани ученици од територијата на Општина Центар ќе бидат стипендирани и ќе ја имаат можноста да се запознаат со магијата на актерската игра. За овие ученици ќе се отвори нов свет кој ќе им овозможи да се впуштат во имагинацијата и да уживаат во својата креативност. Предавањата во Актерската школа ќе влијаат и врз подобрување на дикцијата, литературно говорење, надминување на пречките при јавно говорење. Дополнително во ова време, кога младите својата комуникација најмногу ја извршуваат преку социјалните мрежи, овие предавања ќе им ја подобрат и комуникацијата лице влице.

Ученици од Центар ќе бидат стипендисти на актерската школа на Весна Петрушевска

Доколку здравствената состојба тоа го дозволи, како дел од овој проект, со нашите соработници од Македонскиот Народен Театар ќе реализираме и претстава во чест на писателот Горан Стефановски.

Ученици од Центар ќе бидат стипендисти на актерската школа на Весна Петрушевска

Горди сме да ви соопштиме и дека оваа година актерската школа ја започна во свој простор кој се наоѓа во строгиот дел на центарот на градот Скопје, позади Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Ученици од Центар ќе бидат стипендисти на актерската школа на Весна Петрушевска

Во однос на извршување на наставата, истата ќе се одржува во групи и тоа по 10 ученици, со спроведени протоколи за заштита од новиот коронавирус, КОВИД-19.

Уписите ќе бидат отворени во текот на целата школска година!


Која е вашата реакција за оваа објава?

Cute Cute
0
Cute
Lol Lol
0
Lol
Omg Omg
1
Omg
Wtf Wtf
0
Wtf
Win Win
0
Win
Like Like
1
Like
Cry Cry
0
Cry
Dislike Dislike
0
Dislike

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format