Чија е топката и кој е крив ???


0
2 споделувања

Штип како град  беше еден од најпогодените и градови со една од  најголемите бројки на заразени од вирусот Ковид 19.Но сега по завршувањето на пикот на пандемијата од  Ковид 19 и во исчекување на нов бран на заболени , Штип арт активистите спроведоа уште една акција и овој пат главниот акцент го ставаме на одговорноста, односно, неодговорноста и (не)постапувањата на институциите. Истите во изминатиот период си ја префрлаа “топката на одговорност“ и со тоа се отстапи време за конфузија помеѓу граѓаните,  но и злоупотреби од поединци од чија неодговорност  трпеше целиот град и сите граѓани.

Чија е топката и кој е крив ???

Исто така сакаме граѓаните да го постават прашањето почнувајќи од себе па потоа прашувајќи ги и работодавачите, институциите, локалните власти, превозниците  кој е виновникот за драстичното зголемување на заболени во Штип и чија е одговорноста за (не)постапување…

Чија е топката и кој е крив ???

Сакаме како активисти да пренесеме дека сите институции имаат одговорност навремено и почитувачки  ги законите да реагираат навремено се со цел помал број на заразени со вирусот Ковид 19, преку поставената инсталација на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип каде е поставена “Топката на одговорност“ преку која граѓаните можат и директно да ги посочат институциите кои требаше реагираат навремено, прецизно и согласно нивните надлежности и ингеренции.

Чија е топката и кој е крив ???

Преку втората инсталација во коритото на река Отиња сакаме  граѓаните да го постават прашањето почнувајќи од себе па потоа прашувајќи ги и работодавачите, институциите, локалните власти, превозниците  кој е виновникот за драстичното зголемување на заболени во Штип. Очекуваме истите тие да почнат да прават поголем притисок да  се почитуваат мерките и препораките да се анимираат поголем број на граѓани, институции и работодавачи за подигање на свеста за придржување до мерките и препораките ,построго делување на инспекторатите  и институциите се со цел помали штети по животот и здравјето на граѓаните,компаниите и целиот град при идниот бран на Ковид 19 кој се очекува.

Чија е топката и кој е крив ???

Апелираме до сите граѓани, работодавачи, превозници  и институции, да ги почитуваат мерките, да бидеме сите одговорни, солидарни, на висина на задачата и да го заштитиме колективното здравје во нашиот Штип. Апелираме до институциите да не си ја префрлаат одговорноста и да почнат да делуваат согласно законите..

Чија е топката и кој е крив ???

Ваши Штип арт активисти!

Чија е топката и кој е крив ???


Која е вашата реакција за оваа објава?

cute cute
0
cute
lol lol
0
lol
love love
0
love
fun fun
0
fun
win win
0
win
Like Like
0
Like

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format