Ковачи рејсинг тим: Младиот Христо со успеси во европски шампионати за 2020 во картинг трки


1
1 поен

Талентираниот млад картинг натпреварувач Христо Ковачи, ентузијастички ја заокружи оваа година со реализирани петнаесет трки под капата на „Ковачи рејсинг тим“. Предизвикот беше голем но и искуството побогато земајќи учество на различни патеки, во Словенија, Австрија, Србија и Унгарија. Последната трка за оваа година беше предвидена Италија, но за жал беше откажана.

Христо 2020 година зема учество во 4 шампионати, ЦЕЗ -Централно Европска Зона, РМЦ- Австрискиот Шампионат, Српскиот Шампионат и ССЦ-Спорт Стил Куп.

– Поради целата ситуација со пандемијата Христо немаше тренинг 5 месеци, доколку имаше тренинзи ќе очекувавме подобри резултати. Другите натпреварувачи од различни земји тренираа на истите стази на кои се одвиваа трките и им беа достапни и познати, за разлика од Христо кој тие стази ги виде прв пат и му беа далечни за тренинг. За пласман во ЦЕЗ ги очекуваме официјалните резултати, додека на австрискиот шампионат од вкупно 27 учесници со 3 трки помалку извозени заврши 17-ти во генерален пласман. Во ССЦ-Спорт Стил Куп и Српскиот шампионат генерален пласман заврши 4-ти. Трките и целата атмосфера создадоа многу убави моменти и спомени за него. Нема да заборавам кога во една од трките во конкуренција од 25 учесници Христо заврши на 12-то место. Кога ја симна кацигата очите му блескаа од радост и половина час со возбуда и восхит раскажуваше на целиот тим за тоа колку многу напор вложил и колку е среќен што го постигнал тоа, вели тимот на „Ковачи рејсинг тим“.

Следната година од „Ковачи рејсинг тим“ очекуваат подобри резултати, предност е тоа што Христо ги возел тие патеки и ќе му биде полесно да ги совлада, а со тоа и ќе остварува подобри временски резултати.

– Христо станува уште поконкурентен, за следната сезона се надеваме дека и други компании ќе не подржат со цел професионално да се посветиме на тренинзи и техничко подобрување за подобри резултати. Воедно би сакале да се заблагодариме на ТОТАЛ ТВ кој ни беше поддршка оваа година а за наредната очекуваме поголем интерес за инвестирање во овој спорт, додаваат од Ковачи рејсинг тим.

Потсетување дека „Ковачи рејсинг тим“ имаше успешна 2019 година на најмладиот учесник од земјава во картинг, Христо Ковачи. Тој е вицешампион во Македонија и трето место во генералниот пласман во Бугарскиот шампионат, како и второ место предфинално на балканскиот куп во Бугарија.


Која е вашата реакција за оваа објава?

Cute Cute
0
Cute
Lol Lol
0
Lol
Omg Omg
0
Omg
Wtf Wtf
0
Wtf
Win Win
1
Win
Like Like
0
Like
Cry Cry
0
Cry
Dislike Dislike
0
Dislike

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format