Наскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s – премиум телефони по одлични цени


Компанијата Samsung Electronics ги претстави Galaxy A12 и Galaxy A02s – новите паметни телефони за 2021 година.  Двата телефони доаѓаат со исклучително долготрајна батерија, систем со повеќекратни камери и голем дисплеј, придонесувајќи за уште поголема разновидност на А серијата и нудејќи им на корисниците најнови иновации по одлични цени.

Наскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s

Помоќна батерија за подолго користење на уредот

Galaxy A02s и A12 овозможуваат исклучително искуство при гледање со HD + Infinity-V дисплеј од 6,5-инчи. Покрај тоа, моќната батерија од 5.000mAh овозможува да гледате неколку епизоди од омилената серија без прекини, додека брзиот полнач од 15W гарантира полнење на батеријата во најкус можен рок.

Наскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s

Моќни камери за снимање на омилени моменти

Овие уреди доаѓаат со моќни камери што го прават фотографирањето и снимањето полесно од кога било досега. Galaxy A02s има главна камера од 13MP, додека онаа на A12 моделот има 48MP, како и ултра-широка камера од 5MP. Телефоните имаат и сензор за длабочина од 2MP, одличен за фокусирање на деталите, како и макро сензор со иста резолуција, што дополнително ја збогатува секоја снимка.

Наскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s

Дизајн кој се истакнува

Двата модели доаѓаат со елегантно дизајнирано куќиште, пријатно за држење во рака, со мат финиш на задниот дел од телефонот. Galaxy A12 и A02s ќе бидат достапни во бела и црна боја, додека A12 има и сина верзија, како и поддршка на безбедносната платформа Samsung Knox, со читач на отпечатоци на страна.

Наскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s Наскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s


Која е вашата реакција за оваа објава?

Cute Cute
0
Cute
Lol Lol
0
Lol
Omg Omg
0
Omg
Wtf Wtf
0
Wtf
Win Win
0
Win
Like Like
0
Like
Cry Cry
0
Cry
Dislike Dislike
0
Dislike

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format