Звучникот HUAWEI Sound X, развиен со Devialet, пристигнува на македонскиот пазар


1
1 поен

Huawei Sound X е најновиот додаток во премиум аудио колекцијата што компанијата ја нуди на македонските потрошувачи во претпразничната сезона, во продажните места на Сетек, Анхоч и Техномаркет, по цена од 16,999 денари. Додека другите премиум аудио уреди – FreeBuds Pro, FreeBuds Studio и Eyewear II, опфаќаат различни сценарија за лична употреба, Sound X е првенствено домашен уред. Неговата стилска визија и звук, што создава не само музички, туку и емотивни вибрации, треба да бидат споделени.

Звучникот HUAWEI Sound X, развиен со Devialet, пристигнува на македонскиот пазар

Sound X е аудио-визуелно ремек-дело како резултат на партнерството помеѓу Huawei и Devialet и е добитник на престижната награда за дизајн – 2020 iF Award. Зад овој дизајн стои целата историја на аудио технологијата, која претрпе многу трансформации од винил во онлајн стриминг и од традиционално пуштање музика до пренос преку Bluetooth. Денес, аудио телото кое ќе го користиме дома е компактно, убаво и без кабли. Во исто време, имаме големи побарувања за сигурна репродукција на оригинални снимки, за премиум звук со поширок опсег на фреквенции и за доживување на таа сензација што ја добиваме од фреквенции надвор од спектарот кој го слушаме. Безжичните технологии даваат слобода, но исто така доаѓаат со нови технолошки предизвици. Тие предизвиди се решени со Sound X, за чие создавање се обединети напорите на два бренда, Huawei и Devialet, од кои секој е докажан иноватор во својата област.

Во времето на создавање на Sound X, Devialet веќе имаше 76 награди и 160 технолошки патенти и е докажан лидер во акустиката и производите што успеваат да репродуцираат супер моќен и квалитетен звук од компактно аудио тело. Брендот е познат и по својот успех во сузбивање на бучавата во позадина и постигнување звук без изобличување дури и при максимално засилување. Ниските тонови, дури и оние надвор од аудитивниот опсег, за возврат се преточуваат во вибрации кои буквално се чувствуваат на кожа.

Звучникот HUAWEI Sound X, развиен со Devialet, пристигнува на македонскиот пазар

Hi-Res Audio сертификат

Hi-Res, или High Resolution Audio, е аудио стандард предложен заеднички од Japan Audio Society (JAS) и Consumer Electronics Association (CEA). HUAWEI Sound X е носител на таков Hi-Res сертификат, гарантирајќи репродукција на квалитетен, сигурен звук без губење на информации од аудио сигналот. Како се постигнува ова? Во своето компактно тело, Sound X комбинира 8 звучници со вкупна моќност од 144W. Визуелно отворениот бас има амплитуда до 20мм, што ви овозможува да ги гледате, слушате и чувствувате вибрациите. Самиот звучник е изработен од високо магнетизирани ретки минерали (NdFeB, или Neodymium Iron Boron), кои се претпочитана опција кај луксузните аудио производи и овозможуваат генерирање на посилни вибрации. 

Push-Push структура и SAM® (Speaker Active Matching) технологија

HUAWEI Sound X исто така ја користи патентираната технологија за обработка на сигналот SAM® (Speaker Active Matching) на Devialet и иконската, симетрична структура Push-Push. Push-Push структурата има два силни звучници, така што несаканите вибрации се неутрализираат едни со други. Парот субвуфери генерираат богато нијансиран звук до 93 dB, а Push-Push структурата гарантира дека дури и ако ѕидовите се тресат, Sound X и звукот што тој ги репродуцира остануваат стабилни. Останатите 6 звучници со целосна фреквенција се рамномерно распоредени во круг, создавајќи звучно поле од 360 степени.

SAM® практично воведува компензаторен алгоритам што го прилагодува излезниот сигнал на специфичните карактеристики на звучникот и го минимизира изобличувањето на звукот. Зад технологијата стои идејата за совршена синхронизација на времето помеѓу снимениот сигнал и акустичниот напон генериран од звучниците. Специјално развиениот алгоритам се применува пред DAC (Digital-to-Analog Converter) конверзијата, што спречува несогласување помеѓу басните фреквенции и остатокот од спектарот. Покрај тоа, SAM® обезбедува заштита за уредот кога јачината на звукот надминува одредена граница.

Премиум звук, премуим дизајн

Добитник на престижната iF Design награда, HUAWEI Sound X е естетски дел од секој ентериер. Како сјаен овал, горниот дел создава очекување на длабок звук, како да доаѓа од бунар без дно. Се произведува со специјално електро-пакување во вакуум, без струја, и не е само убаво, туку игра важна улога во квалитетот на преносот на сигналот. Долниот дел дополнително го олеснува преносот на звук без губење детали. На горниот дел се наоѓа индикатор со три бои кој непречено ја спојува емитираната светлина со околината, создавајќи калеидоскоп кој потсетува на раскошна музичка сала. Карактеристично за моделот е отворениот бас – репродукцијата на музика е придружена со видливи вибрации, што го прави севкупното чувство уште побогато.

На нашиот пазар, Huawei Sound X може да се најде во продажните места на Сетек, Анхоч и Техномаркет, по цена од 16,999 денари.


Која е вашата реакција за оваа објава?

Cute Cute
0
Cute
Lol Lol
0
Lol
Omg Omg
0
Omg
Wtf Wtf
0
Wtf
Win Win
0
Win
Like Like
3
Like
Cry Cry
0
Cry
Dislike Dislike
0
Dislike

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format