Мозокот работи побавно во друштво на напорни луѓе


Престојот во друштво на непријатни луѓе ја забавува брзината со која мозокот ги обработува информациите. Како да не e доволно напорно да се биде во опкружување со некој кој не ви е симпатичен, за да работата биде уште полоша, научниците откриле дека лошото друштво исто така влијае на мозокот.

Според новите истражувања од Универзитетот Јужна Калифорнија – дали сакате некого или не, може да влијае на начин на кој вашиот мозок го обработува нивното движење.

Мозокот

Набљудувањето на нечии движења најчесто предизвикува „ефект на огледало“ – што значи дека делови на нашиот мозок, кои се задолжени за движење, се активираат додека гледаме како некој друг се движи.

Да се биде во близина на некого кој не ви се допаѓа може да ја искриви сликата во вашиот мозок – на пример можете да мислите дека личноста се движи побавно отколку што е реално така.

Досегашните истражувања покажуваат дека расата или физичката сличност можат да влијаат врз процесите во мозокот и дека сме наклонети да имаме повеќе сочувство за луѓето кои изгледаат слични на нас.

Меѓутоа, оваа студија ги исклучи расните, старосните и половите разлики – сите кои учествувале во неа биле мажи и тоа Евреи.

Истражувачите ги поделиле мажите во две групи – половина се претставени како неонацисти, со цел да бидат омразени, а останатите биле претставени како допадливи и отворени.

Кога човекот ќе види некој кој не му се допаѓа, делот од мозокот кој се активира во процесот на „огледало“ – има поинаков начин на функционирање за лицата кои не ни се допаѓаат, во однос на оние кои ни се допаѓаат.

Разликата е забележана дури кога непријатното лице е присутно – немало разлики во активностите на мозокот кога луѓето само гледале снимки на оние кои не им се допаѓаат.

– Социјалниот фактор, како што се меѓусебните односи и припадноста на социјални групи, е во самата основа на начинот на кој ги процесуираме визуелните стимуланси на движење, изјавила Мона Собхани, лидер на истражувањето.

Овие откритија обезбедиле значајна поддршка на идејата дека социјалните фактори влијаат на нашите перцептивни процеси.


Која е вашата реакција за оваа објава?

Cute Cute
0
Cute
Lol Lol
0
Lol
Omg Omg
0
Omg
Wtf Wtf
0
Wtf
Win Win
0
Win
Like Like
0
Like
Cry Cry
0
Cry
Dislike Dislike
0
Dislike

Коментари

Choose A Format
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format