Главна улога во формирањето на забниот каменец кај домашните миленици има забниот плакт.
Тоа е леплива наслага на површината на забот која ја сочинуваат остатоци на храна, бактерии и нивните продукти.
Со редовно чистење и четкање на забите, забниот плакт може да се отстрани и да се намалат шансите да се појави забниот каменец.
Има неколку причини кои доведуваат појава на забен каменец :
– Недостаток на орална хигиена
– Кога кучето јаде само мека храна
– Неправилна положба на забите
– Зголемена рапавост на забите
– Лошо поставени заби
– Ретенција на млечни заби
Забниот каменец во нашата амбуланта го отстрануваме со ултразвучен апарат. Постапката се изведува во општа анестезија или со седација и трае околу 15 минути. Во анестезија или седација миленикот се воведува после извршен клинички преглед.
Само со ултразвучен апарат отстранувањето на забниот каменец е возможно. Одстранувањето во домашна режија не е возможно, може да донесе до поголеми оштетувања на забите.
После секоја интервенција сопствениците поминуваат низ мала едукација како понатаму да се грижат за ораланото здравје на својот миленик.
Пишува: Др. Радомир Петрушијевиќ ДВМ
Ветеринарна амбуланта РЕМЕДИУМ ВЕТ